Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Во Вашингтон средба Муцунски-Ландау: Нагласена важноста од континуираниот ангажман на САД како клучен фактор за стабилноста на Западен Балкан

Во рамки на работната посета на Вашингтон министерот за надворешни работи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на работната посета на Вашингтон министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, на која ја реафирмирале заедничката определба за силно и долгорочно партнерство.

-Остварив билатерална средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Ја реафирмиравме заедничката определба за силно и долгорочно партнерство, засновано на безбедност, слобода и демократски просперитет. Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува важен исчекор во унапредувањето на билатералните односи, наведува Муцунски во објавата на Фејсбук.

Како што соопшти МНРиНТ, на средбата соговорниците констатирале дека заеднички приоритет во наредниот период ќе биде ставен на операционализацијата на стратешкото партнерство, при што биле идентификувани конкретни и проширени форми на соработка во суштински области од заеднички интерес, во корист на граѓаните на двете земји.

Реклама

На средбата, меѓу другото, станало збор и за соработката во рамки на НАТО, зајакнувањето на билатералната економска соработка по усогласувањето на рамката за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија во февруари 2026 година, за енергетската безбедност, потребата од диверзификација на енергетските извори и зајакнувањето на регионалната поврзаност.

-Разменети беа и мислења за состојбите во регионот на Западен Балкан и процесот на европска интеграција. Воедно, министерот Муцунски истакна дека од особена важност за регионот, особено во контекст на актуелните глобални безбедносни предизвици, е континуираното присуство и ангажман на САД, како клучен фактор и гаранција за регионалната стабилност, стои во соопштението на Министерството.

Муцунски ја предводи високата владина делегација на втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која денеска беше отворена заедно со Брендан Ханрахан, висок претставник на Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот.

Од МНРиНТ посочуваат дека Македонија е прва земја од Европа која во Вашингтон реализира сесија на Стратешкиот дијалог во мандатот на оваа администрација и оти Стратешкиот дијалог во Вашингтон претставува важна платформа за унапредување на билатералната соработка во клучни области и потврда за долгогодишното сојузништво и силното стратешко партнерство меѓу двете земји.

-Со оваа нова сесија на Стратешкиот дијалог, Македонија и САД,  внесуваат нов импулс за натамошно продлабочување и надградба на билатералното партнерство, преку дефинирање јасен патоказ за соработката во периодот што следи. Водени од принципите на заемна корист, предвидливост и долгорочна визија, како и заедничка посветеност кон поширокиот регионален просперитет, разговорите меѓу двете високи делегации беа фокусирани на теми од областа на одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, трговијата и инвестициите, културната соработка, како и прашања од глобален и регионален контекст, стои во соопштението на МНРиНТ.