Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Ѓорѓиевски: Фискалната дисциплина на повисоко ниво, лани наплатени една милијарда даноци, од кои 70 отсто по преземањето на градската администрација

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска истакна дека во текот на 12…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска истакна дека во текот на 12 месеци од минатата година се наплатени една милијарда денари по основа на даноци, од кои речиси 70 проценти се во месеците по преземањето на градската администрација. Одговарајќи на советнички прашања на десеттата седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот истакна дека фискалната дисциплина е на многу повисоко ниво.

– Општо познато во јавноста е дека наплатата на даноците со години се одвиваше слабо, а имало и години кога по ова прашање имало вистински крах. Во текот на 12 месеци од минатата година наплатени се една милијарда денари, од кои речиси 70 проценти се во месеците по преземањето на градската администрација. Тоа значи дека фискалната дисциплина е на многу повисоко ниво. Во таа насока следуваа и блокадите што ги направивме во согласност со законот, како и апел до граѓаните да ги намират навремено обврските за 2022, 2023 и за 2024 година со цел да не дојдеме во состојба, во согласност со законот, за изминатиот период да мораме да блокираме сметки – истакна Ѓорѓиевски одговарајќи на прашањето поставено од советничката Магдалена Забазановска од ВМРО-ДПМНЕ за тоа како се движи наплатата на даноците.

Ѓорѓиевски нагласи и дека во наредниот период во соработка со УНДП се работи на репроцена на данокот на имот. Нагласи дека тоа ќе биде обемна операција, која не може да се заврши преку ноќ, но очекувањата се дека ќе донесе дополнителни над 30 милиони евра годишно по основа на даноци. Појасни дека во текот на оваа операција ќе се изведе вкрстување на базите со Агенцијата за катастар на недвижностите. Први општини во кои ќе се спроведува се Карпош и Центар бидејќи, како што посочи Ѓорѓиевски, според анализите, утврдено е дека таму има најмногу разлики кај даноците, потоа репроцената ќе се спроведе во сите општини.

Реклама

– Разликата во наплатата е сериозна. Имало години кога по основа на даноци како приход пристигнувале 233 милиони денари наспроти една милијарда што ја собравме во изминатиот период. Тоа ќе биде моментот кога значително ќе се зголеми финансиската стабилност на градот заедно со репроцената на данокот на имот – нагласи градоначалникот на Скопје.