Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мицкоски очекува плоден стратешки дијалог со САД и нови американски инвестиции во земјата

Премиерот Христијан Мицкоски најави плоден ден од втората сесија од стратешкиот дијалог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски најави плоден ден од втората сесија од стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, што денеска се одржува во Вашингтон, и кој би требало да заврши со заедничка изјава. Очекува да се промовира инвестиција во еден значаен производен објект за реткиот минерал антимон, а пред потенцијални американски инвеститори ќе биде претставен и проектот за „Чебрен“ и „Галиште“. Македонија е првата земја од Европа што има ваков стратешки дијалог со оваа администрација на САД. 

Високата владина делегација во Вашингтон ја предводи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учествуваат и министрите за внатрешни работи, Панче Тошковски, за одбрана – Владо Мисајловски, за дигитална трансформација – Стефан Андоновски, како и министерката за енергетика, Сања Божиновска. 

– Исклучително високо ниво. Теми што ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, апликациите и имплементацијата, билатералната соработка, енергетиката, инфраструктурата што ја градиме и во која силно инвестираме. Потоа соработката во одбранбената индустрија. Тоа се неколку области во кои очекуваме да се постигне голем напредок. Истовремено да се промовира една инвестиција во еден значаен производен објект. Тоа е рудата антимон, која ќе се експлоатира во близина на кривопаланечкото село Луке. Редок минерал, што може за нашата економија да значи многу – рече Мицкоски.

Реклама

Истражувањата таму се при крај, додаде премиерот, кој очекува „многу бргу тоа да биде почнато“.

– Ќе се извезува во САД. Од инвеститорите ја добив информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома во САД, тоа е еден заокружен циклус. Нешто што е многу важно за Македонија како држава и за нас како граѓани – рече Мицкоски.

Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање во врска инвестирање во дата-центри, рече дека имал средби со четири вакви инвестициски компании и на некои од тие инвестиции веќе се работи. 

– Станува збор за сериозни инвеститори и инвестиции. Кога ќе можам повеќе да зборувам, ќе споделам, затоа што не би сакал да кажувам нешто додека не бидам сто проценти сигурен дека тоа ќе се случи. Но, доколку се случи, еве, да претпоставиме, ќе имаме огромна додадена вредност во македонската економија – изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека проектот за „Чебрен“ и „Галиште“ ќе им биде понуден на потенцијални американски инвеститори, нешто за што, како што рече, ќе претставува негова лична цел и желба.

– Министерката е таму присутна со сите информации за овој проект и ќе биде претставен – рече претседателот на Владата, Мицкоски. 

Премиерот Мицкоски негира дека е запознаен со извесен нон пејпер што кружи во Европскиот парламент за надминување на проблемите со протоколот со Бугарија од европратеникот Томас Вајц.

– Не. Не знам за таков документ – рече Мицкоски, кој денеска беше на настан во скопската општина Аеродром.