Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Сиљановска-Давкова: Климатските ризици бараат координиран институционален одговор и јасно дефинирани политики

Климатските промени не се процес што се адаптира на нашите рокови или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Климатските промени не се процес што се адаптира на нашите рокови или на нашата подготвеност. Тие се одвиваат со сопствена динамика, па затоа одговорот не може да биде одложен, ниту фрагментиран, туку бара координирано дејствување засновано на знаење, соработка и јасна свест за заедничката одговорност – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешниот настан „Климатски промени – ризици и предизвици“, организиран на нејзина иницијатива.

Пред аудиториумот во Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова порача дека мора да научиме да живееме во хармонија со природата бидејќи, како што рече, природата не се приспособува на нас, туку ние треба да се приспособиме на неа ако сакаме да опстанеме.

null

– Денес, кога зборуваме за климатските промени, не зборуваме за нешто далечно и апстрактно, туку за реалност што секојдневно ја живееме. Многу децении климатските промени ги доживувавме како предупредување, а природата како неисцрпен ресурс, денес веќе ги живееме како последица, тука, околу нас, не само како промена во природните циклуси, туку како директен притисок врз секојдневниот живот и економијата. Во последните години екстремните временски и климатски настани предизвикаа значајни економски штети и загуби на ресурси, што директно се одразува врз развојните можности. Климатските ризици бараат координиран институционален одговор и јасно дефинирани политики – истакна Сиљановска-Давкова.

Реклама
null

Во своето обраќање претседателката Сиљановска-Давкова потсети дека во земјата нашиот Устав ги препознава заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како темелна вредност на уставниот поредок, но потребна е промена во начинот на размислување.

– Ризиците од климатските промени директно влијаат врз функционирањето на општеството и институциите. Иако оваа вредност е уставна материја, сè уште го чекаме законот за климатска акција. Згора на тоа, далеку сме од соодветно почитување на Законот за заштита на природата и животната средина. Потребна е промена во начинот на кој размислуваме, планираме и одлучуваме зашто долго време функциониравме реактивно, односно пост фестум, наместо превентивно, односно ex ante – нагласи претседателката Сиљановска-Давкова на настанот „Климатски промени – ризици и предизвици“.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: