Македонија останува посветена на заштита на стандардот на граѓаните и обезбедува краткорочна предвидливост, смета бизнис секторот. Истото мислење го делат и транспортните компании кои велат дека мерката за намалување на акцизата е одлична мерка во време на криза. Македонија ќе остане со најниска цена на горвиата, но и транспортерите ќе останат конкурентни велат од таму.
„Веќе ова е мерка којашто и на превозните трговски друштва им одговара, бидејќи ние како превозници ДДВ-то го враќаме. И секогаш поради големите конкуренции имапе периоди кога ДДВ-то дали од нашта држава или од другите држави ни претставуваше заработувачка“, изјави Биљана Муратовска од МАКАМ.
Бизнис секторот вели дека секоја владина мерка која е во интерес на стопанството е добра. Според нив, Владата до сега добро се справува со кризата.

„Мерки кои треба да покажат дека можеме да сметаме на Владата дека ни обезбедува стабилност, колку-толку. Знаеме дека Владата е подготвена да и излезе во пресрет на економијата и на граѓаните со посебни мерки. Сите очекуваат нормализација на цените, тоа е најважно во моментот, а понатаму да видиме како од оваа криза можеме да обезбедиме стабилност и да обезбедиме една одржливост на пазарот, вели Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачите.
Транспортерите се задоволни што Владата прифатила дел од нивните предлози, но тие бараат и продолжување на мерката за намалување на акцизата.
„Од Владата бараме долгорочно да ни се овозможи со измени на законот за акцизи да може за комерцијални цели како што е во регулативата од ЕУ, да ни се враќа дел од акцизата. Еве да ги кажеме овие 4 денари и со тоа ќе стекнеме можност да враќаме акцизи и од другите држави каде што има слични закони“, дополни Муратовска.
Тие сметаат дека во моментов е тешко да се прогнозира на долг рок како ќе се одвиваат настаните во Светот, но бизнисмените и транспортерите се убедени дека државата ќе продолжи со навремени реакции за заштита на бизнис секторот и заштита на стандардот на граѓаните.
