Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Ѓорѓиевски: И саботата е работен ден кога станува збор за мојот народ

И во сабота, вратите на Град Скопје беа широко отворени за сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И во сабота, вратите на Град Скопје беа широко отворени за сите граѓани кои побараа прием кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со цел да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози. Дел од разговорите ги реализира и телефонски, затоа што, како што посочува „секој е важен, а секоја порака заслужува внимание и одговор“.

Градоначалникот изрази задоволство од искрената поддршка и добриот збор од граѓаните, истакнувајќи дека многумина ретко имале можност лично да бидат примени и сослушани од градоначалникот. Тоа, како што подвлече Ѓорѓиевски, претставува голема чест, но и поголема обврска.

-Како што ветив, градот е отворен за сите – без затворени врати и без игнорирање. Секој проблем е внимателно забележан, секој предлог е запишан. На предизвиците ќе им пристапиме директно и одговорно и заедно, чекор по чекор, ќе работиме на нивно решавање. Јас и Град Скопје остануваме достапни, присутни и секогаш на страната на граѓаните, истакна Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

Реклама

Средбите, како што посочува Ѓорѓиевски, продолжуваат во текот на целиот ден, а доколку има потреба, ќе продолжат и утре. За закажување термин, граѓаните можат да се јават на 02/3 297 204.

-Скопје е наш заеднички дом, а обврската кон луѓето не завршува со работното време, истакна градоначалникот на Град Скопје.