Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДСM – ДУИ донесе ДУП во Тетово со кој на Давидовиќ-Дака му овозможиле бизнис вреден 200 милиони евра

Поврзаноста на Владата на СДСM предводена од Зоран Заев со контроверзниот проруски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поврзаноста на Владата на СДСM предводена од Зоран Заев со контроверзниот проруски бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака е неспорна. СДСM и ДУИ, тогаш како најдобри владини коалициски партнери, делувале заеднички за да му удоволат на ДавидовиќДака, кој на Заев, според објавените аудиоснимки, му дал 300 илјади денари и земјиште од 2 000 метри квадратни, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

Таков е и примерот од 2020 година, кога Заев и Ахмети сложно, на само еден ден по изборот на нивната нова влада, во Тетово донесе измени во ДУП со кои директно на прорускиот бизнисмен Дака му се овозможи бизнис од 200 милиони евра.

Јавноста добро го памети овој случај, но уште едно потсетување не е на одмет. Станува збор за просторот на некогашниот гигант ШИК Јелак, кој тогаш е откупен од страна на Миодраг Давидовиќ-Дака преку фирмата „Јелак Градба“.

Реклама

Токму за овој простор криминалната коалиција СДСM-ДУИ во 2020 година во Тетово донесе нов детален урбанистички план само еден ден по изборот на владата.

Според тогаш усвоениот ДУП, на просторот на некогашниот ШИК Јелак било планирано да никне нова урбана џунгла со над 2000 станбени едници, илјадници метри квадратни деловни простории и трговски центри, во вредност од 200 милиони евра.

Како што граѓаните добро се сеќаваат на овој случај, исто така добро се сеќаваат дека ако не беше ВМРО-ДПМНЕ да го открие и да алармира за овој предмет, заради бизнис-интересите на тогашната власт на Заев и Ахмети, на местото на некогашниот гигант во Тетово ќе никнеше планираната бетонска џунгла со над 2000 станбени единици.

Оттука може да се види дека голема е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСM. ВМРО-ДПМНЕ се бори против криминалот и корупцијата, додека СДСM се корупцијата и криминалот.