Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Вештакот од Србија за „Онкологија“: Сегашните стандарди во онкологијата бараат редовно следење на пациентите, што често недостига во доставената документација

Во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи вкрстеното испрашувањето на српскиот медицински…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи вкрстеното испрашувањето на српскиот медицински вештак Давор Радосављевиќ, кој го изработи медицинското вештачење за Обвинителството во случајот „Онкологија“. На обвинителна клупа се поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, обвинети за несовесно лекување пациенти.

На денешното рочиште, вештакот одговараше на прашањата на одбраната на обвинетата онколог Симонида Црвенков, a вчера на прашања од одбраната на Нино Васев, која тврдеше дека вештачењето било направено без целосна медицинска документација и без почитување на македонските национални упатства за онколошки третман. Радосављевиќ одговори дека анализирал документација за 16 пациенти и дека кај повеќето забележал неправилно лекување и влошување на здравствената состојба, непочитување на редоследот на терапии, недостиг на клучни медицински податоци, како ЕКОГ-статус, молекуларна патологија, токсичност и систематски КТ-наоди.

Тој потенцира дека сегашните стандарди во онкологијата бараат редовно следење на пациентите, што во доставената документација често недостигало. Во однос на меѓународните водичи (ЕСМО/ЕЦЦ), рече дека тие навистина даваат препораки, но во анализата забележал недоследности токму во однос на препорачаните линии на лекување.

Реклама

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓорѓева од ОЈО Скопје, откако обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска минатата недела беше избрана во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. 

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. 

Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.  

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службената положба и за проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.