Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Велигденски концерт на Македонската филхармонија

Велигденски концерт ќе одржи оркестарот на Македонската филхармонија в среда (8 април)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велигденски концерт ќе одржи оркестарот на Македонската филхармонија в среда (8 април) од 20 часот, на кој, како што соопшти, ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахманинов.

Диригент на концертот ќе биде Најден Тодоров од Бугарија, а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска – сопран, Исмет Вејсели – тенор, Иван Наумовски – баритон/бас и хорот „Проарс“.

На програмата на концертот ќе биде и симфониската поема „Прелудии“ од Франц Лист.

Реклама

– Во летото 1907 година, за време на престој во Рим, Сергеј Рахманинов добил анонимно писмо со поемата „Ѕвона“ од Едгар Алан По, во слободна адаптација на рускиот симболист Константин Балмонт.  Поттикнат од оваа необична инспирација, Рахманинов ја создава монументалната хорска симфонија „Ѕвона“, дело што самиот го сметал за едно од најличните во својот опус – соопшти Филхармонијата. 

Симфонијата ја следи драматургијата на четирите строфи од поемата и претставува симболично музичко патување низ човечкиот живот – од младешката радост преку љубовта и зрелоста до сенката на староста и смртта.

– Во руската духовна традиција ѕвоната имаат речиси живо присуство: нивниот звук го придружува човекот од раѓање до последниот миг. Рахманинов со „Ѕвона“ создава длабоко поетска и симболична музичка визија, во која звукот на ѕвоната станува метафора за човечкиот живот – од неговата блескава почетна радост до тивкото помирување со вечноста – се наведува во најавата за велигденскиот концерт.