Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Намален бројот на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари на 65 во март 

Во март значително намален бројот на граѓаните и правните лица што не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во март значително намален бројот на граѓаните и правните лица што не ја прифаќаат одговорноста за сторениот сообраќаен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд за евидентираните сообраќајни прекршоци со системот „Безбеден град“ – информираат од Основниот кривичен суд Скопје. 

Воедно, од Кривичен информираат дека веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговор. Во март 2026 година до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени 65 приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои 22 приговора од правни лица и 43 од физички лица.

Доколку се земе споредбено со претходниот месец, во февруари беа поднесени вкупно 476 приговори, односно 431 приговор од правни лица и 45 од физички лица. Дополнително, во текот на март од доставените приговори, од кои повеќето се веќе во фаза на постапување, со пресуда се завршени 92 предмета.

Реклама

Од Кривичен информираат дека по овие предмети постапуваат 16 судии од Одделот за прекршоци, сите поднесени приговори навремено се заведуваат и во согласност со одредбите од Законот за прекршоците, во утврдениот рок од 8 дена, се доставуваат до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување.

Преку системот „Безбеден град“ во март констатирани се 26.241 сообраќаен прекршок, што е зголемување во однос на февруари кога се регистрирани 19.066. 

Во периодот од 1.3.2026 до 31.3.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок, информира вчера МВР. 

Од вкупниот број регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци, што претставува намалување на 68,2 отсто во споредба со февруари, најголемиот број се за управување возило со брзина поголема од дозволената – 25.230, а во текот на март беа регистрирани дури 941 прекршок за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола.