Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Битолчанец вработен во училиште осомничен дека поседувал детска порнографија

31- годишник вработен од битолско основно училиште се товари за производство и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

31- годишник вработен од битолско основно училиште се товари за производство и дистрибуција на детска порнографија. Тој од април 2024 до први април годинава, на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија. Токму преку неговиот комјутер кој го користел, австралиските полицајци го лоцираат и им јавува на македонсктие истражни органи. Австралиската федерална полиција го открила битолчанецот во акцијата за откривање на веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца.

  • „Австралиските служби спроведоа операција за откривање на корисниците на ИП адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците, при што биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски и ІР адреси од кои дел во Македонија, за што е испратено известување и до македонските истражни органи“ велат од Обвинителството.

Според неофицијални информации, осомничениот битолчанец бил вработен како педагог во основно училиште  во Битола. Алфа побара став и од директорот на училиштето кој рече дека нема такви информации, се додека од Министерството за внатрешни работи официјално не го известат.

Обвинителите бараат 31 годишниот битолчанец да оди во притвор, а акцијата продолжува и натаму за проверка за сите добиени информации. Претреси се прават во Скопје, охридско и струмичкиот регион.

Реклама

Инаку, согласно член 193 од Кривичниот законик, оној кој што произведува детска порнографија, со цел нејзина дистрибуција, или ја пренесува, ја нуди или на друг начин ја прави достапна ќе се казни со затвор од најмалку пет години. Тој пак кој набавува за себе или за друг детска порнографија, ќе добие од пет до осум годони. А ако двете дела се сторени преку компјутерски систем или друго средство за масовна комуникација, предвиден е затвор од најмалку осум години.