Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Повредено момче при сообраќајна несреќа во Тиквешко, возело под дејство на алкохол и без положен возачки испит

Момче кое управувало возило под дејство на алкохол и без положен возачки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Момче кое управувало возило под дејство на алкохол и без положен возачки испит, се превртело на коловозот во Тиквешијата и се здобило со повреди, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Денеска во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на локален пат Кавадарци-село Ресава, кавадаречко, патничко возило „даеву ланос“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д., на возраст од 19 години од село Бегниште, кавадаречко, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница – Кавадарци, каде е задржан на лекување, информираа од СВР – Велес.

Како што соопштија, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Д. го управувал возилото без положен возачки испит и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.

Реклама

– По насоки од јавен обвинител, возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес.