Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Општина Штип распиша конкурс за студенти по моден дизајн во рамките на Shtip Fashion Days S/S 2026

Општина Штип информира дека во рамки на настанот Shtip Fashion Days S/S…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Штип информира дека во рамки на настанот Shtip Fashion Days S/S 2026 се објавува конкурс наменет за студенти по моден дизајн од сите високообразовни институции во Македонија. Право на учество имаат студенти од државни и приватни факултети за моден дизајн, кои под менторство на свој професор ќе работат на зададена тема, дефинирана од поддржувачот на оваа активност во рамки на настанот.

-Заинтересираните кандидати потребно е да испратат пријава на е-маил адресата [email protected], која треба да содржи: назив на универзитет и факултет, име и презиме на студентот, име и презиме на менторот, краток опис на креацијата (идеја и материјали), скица од идејното решение. Насловот на е-маилот треба да биде: „Пријава за натпревар“. По разгледување на пристигнатите апликации, стручна жири-комисија составена од пет членови ќе избере 15 креации кои ќе влезат во потесен избор, соопштуваат од Општина Штип.

Во соопштението се наведува дека темата на дизајнот е инспирирана од возилото Kia EV4, со акцент на современ, иновативен и одржлив пристап во модниот израз, при што доминантен визуелен елемент треба да биде препознатливата KIA сива боја.

Реклама

-Избраните креации ќе бидат финансирани и изработени, а потоа и презентирани на свеченото отворање на Shtip Fashion Days S/S 2026, во рамки на заедничка ревија од натпреварувачки карактер. Жири-комисијата ќе го избере најдобриот учесник, кој ќе добие парична награда наменета за реализација на сопствена колекција, како и можност за бесплатно учество на следното издание на настанот, се вели во соопштението од Општина Штип.

Конкурсот ќе биде отворен во времетраење од пет дена. Општина Штип ги повикува сите млади и талентирани дизајнери да ја искористат оваа можност, да ја покажат својата креативност и да бидат дел од еден од најзначајните модни настани во државата.