Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Националниот координатор Салко Куч во посета на Општина Маврово и Ростуше

Националниот координатор за меѓуетничка и меѓуресорска соработка, Салко Куч денеска беше во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот координатор за меѓуетничка и меѓуресорска соработка, Салко Куч денеска беше во посета Општина Маврово и Ростуше, каде најпрво имаше средба со градоначалникот Онер Јакупоски. 
 
Според општинскиот сектор за информирање посетата била во насока на понатамошно унапредување и зајакнување на меѓуетничкиот дијалог во регионот.  
 
-На средбата беа потврдени веќе воспоставените одлични односи помеѓу сите етнички и религиски заедници во општината, кои со децении претставуваат пример за соживот, додаваат од секторот. 
 
Соговорниците разговарале за конкретни начини за уште поголемо јакнење на меѓусебната доверба и почит, како и за иницирање на дополнителни активности кои ќе придонесат кон подобра социјална кохезија. 
 
-За нас, различностите не се пречка, туку огромна вредност, а меѓусебната соработка е единствениот темел на кој можеме да градиме вистински напредок за сите граѓани, истакнал градоначалникот Јакупоски. 
 
Додал дека Општина Маврово и Ростуше останува цврсто посветена на градење инклузивна, солидарна и обединета заедница.