Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Манасиевски: Честит 1 април – денот на Филипче и СДСМ

– На овој ден, мораме да признаеме дека официјално мигранти во Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На овој ден, мораме да признаеме дека официјално мигранти во Македонија ќе има. СДСМ и Филипче беа во право и никогаш не го лажеа македонскиот народ. На овој важен датум, мораме да признаеме и дека нема зголемување на пензиите за пензионерите, нема зголемување на платите за работниците и нема намалување на инфлацијата, немаме најевтино гориво во регионот и Европа, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Денес, мораме да признаеме дека Филипче и СДСМ се потполно во право. Немаме напредок во Реформската Агенда и не сме лидери на Балканот во овој сегмент. Ние немаме визија како се води држава, но затоа ги слушаме советите на Зоран Заев и Венко Филипче кои, мораме да признаеме, навистина успешно ја водеа државата.

На ваков ден мора да си признаеме, лидери како Заев и Филипче – Македонија немала. Чесни и патриоти луѓе. Луѓе кои никогаш не згрешиле на македонскиот народ. Луѓе кои секогаш стојат на зборот и секогаш го исполнуваат. Немаат ниту една дамка во овие изминати години кои може да се поврзат со Венко Филипче, Зоран Заев или со СДСМ.

Реклама

Денешниот датум не потсеќа дека Заев и Филипче секогаш мислеа на граѓаните, а не на тендерите. Тие први носеа вакцини во ковид кризата, први намалија цени на електричната струја во енергетската криза, први намалија цена на горива кога пред некоја година дивееја цените во светот. Да потсетиме дека тие отворија  преговори со ЕУ, и дека датумот е на маса и само се чека потпис на документот. Почитувани граѓани, за крај, дозволете да го честитам први април – денот на СДСМ.