Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Фирма од Свети Николе оштетена за 44.222 евра при компјутерска измама

Фирма од Свети Николе била мета на компјутерска измама. Штетата е 44.222…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фирма од Свети Николе била мета на компјутерска измама. Штетата е 44.222 евра, а средствата биле уплатени за набавка на репроматеријали. Но, парите не пристигнале на банкарска сметка на фирмата во Италија, туку трансакцијата била пресретната и средствата стигнале на непозната сметка во Португалија.Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип  информира дека на 27.03.2026 во 22:25 часот во Полициската станица Свети Николе, 24-годишна жена од Свети Николе пријавила дека со компјутерска измама нејзината фирма била оштетена за сума од 44.222 евра. 

-Имено, на 18.03.2026 вработена во фирмата направила нарачка на репроматеријали од фирма од Италија, а на 24.03.2026 добиле известување на електронска пошта од фирмата од Италија за промена на банкарска сметка со профактура во прилог, соопштуваат од СВР-Штип. 

Посочуваат и дека на 27.03.2026 се извршиле девизно плаќање на новата сметка на италијанскиот добавувач, а подоцна добиле известување од банката дека  плаќањето било извршено пред да се изврши проверка и одобрение на девизното плаќање од нејзината фирма, по што биле известени од фирмата од Италија дека  комуникацијата била пресретната, односно трансферот на паричните средства не бил направен на нивната сметка, туку стигнале на непозната сметка Португалија.

Реклама

Од СВР-Штип  велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.