Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни

Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се  измерени -3 степени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се  измерени -3 степени и 57 сантиметри снежна покривка, а температура под нулата е измерена и во Mаврови Анови (-1 степен).

Нула степени во Лазарополе и Kрушево, 1 степен во Ѓуриште, Пожаране, Радовиш и Пожар, 2 степена во Берово и Тополчани, 3 степени во Претор, 4 во Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Виница, Тетово, Струмица и Куманово, 6 степени во Скопје – Зајчев Рид, Велес, Демир Капија и  Кавадарци и 8 степени во Гевгелија.

Како што соопшти УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Маврови Анови (7 литри на квадратен метар), 6 во Битола, 5 во Охрид,  3 литри во Претор, Попова Шапка и Берово, 2 во Лазарополе, Виница и Тополчани и по 1 литар на квадратен метар во Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Крушево, Пожаране, Велес, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Штип.

Реклама

Според прогнозата на УХМР, денеска ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар) под влијание на циклонска активност.

-Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер, кој наместа ќе достигнува и над 70 километри на час Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.