Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Штипски „Исар“ ќе поднесе кривични пријави против вандалите, кои искршија жардињери покрај реката Отиња

Штипското комунално претпријатие  „Исар“ најави кривични пријави против групата на вандали кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штипското комунално претпријатие  „Исар“ најави кривични пријави против групата на вандали кои искршија дел од жардињерите со цвеќе покрај реката Отиња.  Саксиите и зеленилото долж шеталиштето повторно беа мета на уништување, откако синоќа група млади лица кршеле жардињерии и расфрлале цвеќиња, оставајќи зад себе хаос што предизвика револт кај граѓаните.

Од ЈП „Исар“-Штип денеска информираат дека ќе поднесат кривична пријава против сторителите за кои веќе имаат обезбедено докази, а меѓу кои и видео снимки. Посочуваат дека не станува збор за изолиран случај, туку за повторувачки проблем, при што за дел од претходните инциденти веќе се водат постапки. 

-За сите сторители на овој вандалски чин, за кои постои доказен материјал, ќе бидат поднесени кривични пријави. Во тек се постапки и за претходните слични случаи. Ваквото однесување нема да се толерира. Се апелира до граѓаните да пријавуваат вакви инциденти и да помогнат во заштитата на јавниот простор, соопштија од ЈП „Исар“-Штип.