Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Мицкоски: Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите го повтори ставот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите го повтори ставот на Владата дека нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го засегаат македонскиот идентитет, без јасна предвидливост и конечен исход на процесот.

-Поради лошите криминални и предавнички политики на претходната влада нашата позиција е таква каква што е. Но ова се историски процеси, ние ќе се бориме. Кај нашиот источен сосед политичарите за да го применат принципот на Живковизмот чекаа децении да се родат политичари од типот на тие што беа претходните седум години. Така што, ако треба и ние ќе чекаме децении. Но, политики кои директно влијаат врз нашиот идентитет, а од една страна не нудат предвидливост и јасен крај на тој процес, немам намера додека јас сум претседател на Владата по било која цена да влезам во една таква авантура, рече Мицкоски на новинарско прашање по започнувањето на реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. 

Говорејќи за позициите на Европска Унија која инсистира на вметнување на Бугарите во Уставот како услов за напредок, премиерот истакна дека нема намера по која било цена, да влезе во таква, како што ја нарече, политичка авантура.

Реклама

-Ние можеме да влеземе во авантура. Ние не го игнорираме слонот, слонот е во собата, го донесоа овие претходниве, но без да имаме јасен крај, без да знаеме што добива македонската заедница во Бугарија, без да имаме јасни заклучоци од страна на Европскиот Совет, ние немаме намера да влегуваме во било каква авантура која нас ќе не одведе повторно во некое друго политичко мочуриште, вели тој. 

Премиерот при тоа нагласи дека приоритет остануваат реформите и исполнувањето на обврските кон Унијата. Според него, целта е државата да остане меѓу водечките кандидати во евроинтегративниот процес, но без компромиси кои би ја загрозиле националната позиција. 

-Ние ќе си ја завршиме нашата домашната задача. Нашата цел е во реформската агенда и сето тоа што е заедно со тоа да го испорачаме, да бидеме први, ние да бидеме вистинските фронтранери, што и го правиме, да ги испорачаме сите оние акциски планови меѓу кои е и Акциски план за малцинство, се што се бара од нас ние да го испорачаме. Од другите аспекти, секако сме најдобри, споредено со сите други земји од Западен Балкан 6, и јас сум у беден дека заклучно со јунскиот извештај и во делот на реформската агенда ќе бидеме најдобри, сега сме веќе рамо до рамо со најдобриот после јануарскиот извештај, а во јуни ќе бидеме најдобри. Ако тие мислат дека треба да биде услов промената на Уставот, а во се другото да бидеме најдобри, тогаш жалам но овде нема добар соговорник без да бидат исполнети другите детали. А секој еден треба да знае дека таа работа зависи исклучиво од најголемата политичка партија во Македонија и од ова раководство, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој живее во илузија дека ќе најде повторно некакви марионети кои нешто ќе направат во државата се лаже. Таа работа, така не бива, потенцира премиерот Мицкоски.