Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Хуманитарен базар во пресрет на Велигден во црквата Пресвето срце исусово во Скопје

Рачно изработени  украси, свеќи, предмети од глина,  домашно подготвена храна. Дворот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рачно изработени  украси, свеќи, предмети од глина,  домашно подготвена храна.

Дворот на Католичката Црква Пресвето срце Исусово во Скопје денеска беше полн со посетители кои во пресрет на Велигден се собраа на хуманитарен саем.

Пазарењето на некои од производите кои се продаваа по симболична цена според организаторите е всушност хумана акција.

Реклама

Собраните средства велат тие ќе бидат донирани за оние кои им се најмногу потребни:

Денес сме тука бидејќи еве се организира традиционалниот Велигденски саем ,во органиација на Македонски Каритас која што е хуманитарна организација и е одлична можност што повеќе средцва да се соберат и донираат на оние на кои им е најмногу потребно изјави Спасе Спасов координтор на Македонски Каритас

Посетителите кои ги затекнавме велат дека сакаат да придонесат за да помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна.

Македонски Каритас е хуманитарна организација која постои 35 години, а досега има организирано многубројни хуманитарни настани.

Мартин Трајчевски