Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Бешлиовска: Со поврзување на здруженијата во Сојуз целта е медицинските сестри да ги добијат институционалните позиции

Недостигот од медицински сестри води кон продолжено лекување на пациенти, а тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недостигот од медицински сестри води кон продолжено лекување на пациенти, а тоа носи дополнителни трошоци, листи на чекање. Пациентите заслужуваат едуцирани и платени медицински сестри. Во услови кога има недостиг на медицински сестри, од една страна има незадоволни пациенти, а од друга страна, согорен здравствен персонал, што согорува во работата, поради недостиг на персонал. Тој недостиг најмногу се чувствува во медицинските установи каде што се лежечките пациенти, изјава претседателката на унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“, Гордана Бешлиовска.

Притоа, таа подвлече дека најголемата штета е напуштањето на професијата медицинска сестра. Покрај тоа што заминувале во странство и во приватен сектор, медицински сестри, вели таа, ја напуштале професијата и се вработувале на други работни места. 

– Инвестицијата во медицинските сестри е инвестиција во здрава нација, истакна Бешлиовска пред почетокот на првиот симпозиум на Друштвото на анестезија, реанимација и интензивно лекување, што се одржува денеска во Скопје.

Реклама

Таа рече дека целта на симпозиумот е специјалноста на медицинските сестри во посебни области да ги отслика нивните компетенции на работните места врз основа на образованието што го стекнуваат како сестри специјалисти. 

– Унијата на здруженија што ја предводи Здружението ЗМСТАС – „За нас“ од денеска со законска официјална регистрација преминува во Сојуз на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, информираше Бешлиовска.

Претседатели на пет здруженија и на здружението ЗМСТАС – „За нас“ на почетокот од симпозиумот ќе го потпишат меморандумот, со што ќе се регулира регистрацијата на Сојузот на медицински сестри.

– Целта е со вакво единство, медицинските сестри да си ги добијат институционалните позиции: закон преку којшто ќе биде регулирана комората и јавните овластувања за нивната професија како што се централниот регистар, лиценцирање и прекршочни одредби за одговорности на медицинските сестри, додаде Бешлиовска.