Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Отворање на изложбата „Зелена и Одржлива Мода – Нордиско-балтичка приказна“ во рамки на Модниот викенд Скопје

Во рамки на Модниот викенд Скопје, денеска од 17:30 до 19:30 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Модниот викенд Скопје, денеска од 17:30 до 19:30 часот во просторот Ареа во Дајмонд Мол ќе биде отворена изложбата „Зелена и Одржлива Мода – Нордиско-балтичка приказна“.

На изложбата ќе бидат претставени дела создадени од шест нордиско-балтички и пет македонски дизајнери, кои заеднички работеа во рамки на резиденцијалната програма на истоимениот проект.

Настанот ќе биде збогатен со две тематски сесии на Отворени разговори. Првата, под наслов #MadeWithSweden, ќе започне во 17:30 часот и ќе се фокусира на практиките на шведските брендови во однос на одржливоста и нивните барања кон производствените капацитети. Втората сесија, Designers’ Voices, со почеток во 18:30 часот, ќе биде посветена на процесот на соработка, инспирацијата и иднината на одржливата мода.

Реклама

По отворањето, изложбата ќе биде преместена на приземјето на Дајмонд Мол, каде ќе биде достапна за посетителите од 30 март до 5 април.

Проектот е финансиски поддржан од Нордискиот совет на министри, а се спроведува од Амбасадата на Шведска во соработка со амбасадите на Данска, Финска, Норвешка и на Литванија, како и во партнерство со Македонското модно здружение.

Изложбата е дел од официјалната програма на настанот и е отворена за пошироката јавност.