Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Градежни инвестиции од над еден милион евра за уличната мрежа во Валандово

Над еден милион евра ќе бидат инвестирани во изградба на уличната мрежа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над еден милион евра ќе бидат инвестирани во изградба на уличната мрежа во општина Валандово, информираат општинските власти. Според објавата на Општина Валандово, Министерството за транспорт со јавна набавка предвидува реконструкција на улици на територијата на општината, во вредност од околу 65,5 милиони денари.

– Станува збор за рекорден инфраструктурен проект со широк опсег на улици за Општина Валандово, кој опфаќа 17 улични делници во 5 населени места, во вкупна должина од 4.642 метри. Оваа инвестиција значи подобра инфраструктура, поголема безбедност пред се за децата, подобар пристап до домовите и поквалитетни услови за живот за секое семејство, велат од Општината.

Во градежната инвестиција ќе се опфатат населените места Собри, Брајковци и Раброво со по 3 улици, Пирава со 2 улици, а вкупно 6 улични делници се предвидени за Марвинци. Од Општината велат дека покрај капиталниот зафат кој е дополнително вложување од страна на централната власт, преку редовните програми општинските власти продолжуваат и со останатите зафати за изградба и реконструкција на улици на целото подрачје.