Реклама
Македонија

Тошковски: Психофизичката подготвеност е основа на професионалноста во безбедносниот систем

Психофизичката подготвеност е основа за професионалноста во безбедносниот систем, а човечкиот фактор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Психофизичката подготвеност е основа за професионалноста во безбедносниот систем, а човечкиот фактор е пресуден за успехот на сите реформи и стратегии. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во обраќање на конференцијата на оваа тема на Факултетот за безбедност во Скопје, нагласи дека психофизичката подготвеност не е дополнителна вредност, туку основа на професионалноста во динамичното и честопати стресно секојдневие на полициските службеници.

Тошковски нагласи дека Министерството применува системски пристап во развојот на кадарот, кој опфаќа селекција, обука и континуирана поддршка во текот на целата кариера.

Во тој контекст, министерот најави значаен чекор во унапредувањето на образовниот процес.