Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Прилози

Пониски цени преку поголема конкуренција – Владата работи на забрзан влез на глобални синџири на супер маркети

Влегувањето на новите синџири маркети во земјава ќе придонесе за намалување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влегувањето на новите синџири маркети во земјава ќе придонесе за намалување на цените. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски, вели дека Владата прави се за да го олесни процесот, особено во делот на забрзување на носењето урбанистички планови и дозволи за градба на деловни објекти.

Менуваме правилник со кој овозможумае да се градат нови маркети за да се создаде конкуренција. Еве имеме веќе најава од два големи ланци Лидл и Шпар веќе се тука, изјави Николовски.

Општинските власти во целост ја поддржуваат идејата за правилникот. Според градоначаникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојковски, овој проблем е присутен низ цела Македонија. Поради долгите и макотрпни процедури за завршување на постапката се губело многу време и се менувале интересите, со што страдале граѓаните.

Реклама

„ Во прилог на сите општиини би оделе било каков тип на измени со кој што овие процеси би се забрзале. Јас верувам дека е добро лоциран проблемот од страна на вицепремиерот и Владата и се надевам дека само во најскоро време можно ќе изнајадат некое решение со што би ја забрзале реализацијата на измените на некои постојни детални урбаниситички планови каде што има интерес за изградба на ваков тип на објекти, ни посочи Александар Стојкоски, Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров. 

Според моментална состојба, граѓаните трпат бидејќи маркетите со низа постапки ја триплираат цената од онаа која ја добиваат како влезна. Владата очекува дека новите синџири Лидл и Шпар ќе донесат пониски цени и ќе ја поттикнат конкуренцијата.

Овие маркетиве кои што ќе влегуваат ќе носат поефтини цени затоа што сега не јас, комисија за заштита на конкуренција кажа дека има картелско здружување. Па се донесе законов за добри трговски практики, почнаа да регистрираат ПР агенции и маркетинг агенции надвор од државава, па таму сега ги тераат производителите да се рекламираат. И затоа ги правиме овие измени, додаде Николоски.

Претходно, комисијата за заштита на конкуренцијата изрече казни за картелско здружување на маркетите. Тие пред една година открија дека дел од поголемите трговци се договороли за зголемување на цените со што го прекршиле законот за заштита на конкуренцијата.