Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Драмски театар Скопје ќе потпише партнерство со „Динес клуб“ и организира крводарителска акција по повод Светскиот ден на театарот

По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Драмски театар Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Драмски театар Скопје ќе потпише Договор за покровителство со Динес клуб интернатионал Мак АД Скопје, означувајќи почеток на ново партнерство во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Настанот се оценува како значаен чекор во унапредувањето на културната соработка и поддршката на театарската уметност, како и поттик за развој на нови проекти и активности во интерес на публиката.

По потпишувањето на меморандумот, предвидени се изјави за медиумите од директорот на театарот, Роберт Вељановски и директорот на Динес клуб интернатионал Мак АД Скопје, Тони Јанковски.

Одбележувањето на Светскиот ден на театарот веќе започна со организирани посети на деца од предучилишна возраст и ученици од основно училиште, со цел да се доближи работењето на театрите до најмладата публика.

Реклама

Под мотото „Дарувај крв – одиграј ја најхуманата улога!“, во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, Драмски театар денеска од 11 до 17 часот организира хуманитарна акција за дарување крв. Целта е да се поттикне свеста за значењето на крводарителството и да се помогне во спасување човечки животи.

-Со само еден чин на дарување, секој поединец може да придонесе за спасување нечиј живот, да даде надеж и да биде дел од еден синџир на добрина што ја прави заедницата посилна и похумана. Актерите од Драмскиот театар ги повикуваат сите граѓани да се вклучат во акцијата и да станат дел од чин на солидарност и хуманост. Секој крводарител ќе добие подарок – два билети за театарска претстава од редовниот априлски репертоар, соопшти ДТС.