Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци

Во системот за електронско управување со документи и електронска архива имаме за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во системот за електронско управување со документи и електронска архива имаме за десет пати зголемување на институции за разлика од времето од пред четири години, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски од собраниската говорница.

Андоновски рече дека кога стапил на функцијата на системот имало приклучено околу 20 државни институции, но во изминатата година ипол приклучени се нови 23 институции, а во тек на инсталација се уште 12 институции. Во процес на потпишување на меморандуми се уште 20 институции.  

– Со моето доаѓање во Министерството, овој систем немаше одржување повеќе од две години и закачени беа околу 20 државни институции, што значи дека месечно во изминатите четири години колку што постоел системот и никој не чул за него се закажуваче 0,4 институции. Во измината година ипол од кога системот има одржување имаме нови 23 институции што значи вкупно 43 институции. Сите постоечки институции се преработени за потешкотиите што ги имале да се надминат. Во тек на инсталација се уште 12 институции, а во фаза на потпишување меморандум сме со уште 20 институции. Со досега приклучените имаме темпо од четири институции месечно повеќе што е зголемување за 10 пати, рече Андоновски, одговарајќи на пратеничко прашање. 

Реклама

Во однос на тоа колку е безбеден системот, Андоновски рече дека се надминати сите слабости и дека системот денеска е безбеден. 

– При првиот увид во работата на системот забележав дека тој никогаш не бил тестиран за безбедносни слабости. Ние не знаевме со какви безбедносни слабости се соочува системот и дали некој однадвор има пристап. Во првите два месеца направивме темелни безбедносни тестирања кои покажаа многу недостатоци коишто се надминати и денес можам да кажам дека не може да биде пробиен, нагласи Андоновски.