Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Петрушевски: Реформите, новите закони и кадровските решенија ќе го зајакнат правосудството

пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, истакна дека реформите во правосудниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, истакна дека реформите во правосудниот систем се насочени кон обезбедување поголема независност и ефикасност. Тој нагласи дека судството во Македонија мора да функционира согласно Уставот и меѓународните стандарди и дека досегашната работа на Судскиот совет била недоволно ефикасна, особено во делот на разрешување судии, притоа потенцира дека очекува новите критериуми за избор и зголемените финансиски средства да придонесат за подобрување на состојбите во правосудството – се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мора да го имаме во предвид фактот дека правосудниот систем во Македонија и во согласност со Уставот и со меѓународните стандарди и организации, каде што и ние членуваме или сакаме да членуваме, мора да биде независно и оние првични предлози што ние како ВМРО-ДПМНЕ ги предложивме од аспект на комплетно разрешување на Судскиот совет, кој е надлежен да избира и разрешува судии, иако читајќи ги извештаите во Собранието што ги доставува Судскиот совет, многу ретко или речиси никогаш не ја искористиле надлежноста да разрешат судија иако сме имале катастрофални судски процеси, а многу често ја користеле можноста да именуваат судии“, изјави Петрушевски и додаде:

„Тогаш тоа беше пречекано условно кажано на нож и од меѓународните партнери на Македонија, кои бараа друг механизам, затоа ние пристапивме кон нов начин на решавање на овој реален проблем, политичка узурпација на судството, пред сè, на една елита во Македонија или едно семејство што владеело, и од аспект на тоа направивме нов Закон за Јавното обвинителство, нов Закон за Судскиот совет, кадровски преместувања, веќе имаме нов јавен обвинител, избираме нови членови на Судскиот совет. Меѓутоа, со новиот закон, кој значи поинакви и многу повисоки критериуми од аспект кој може да биде член на Судскиот совет, што очекувам многу бргу да даде позитивни ефекти во делот на независноста на судството, проследено со она што значи зголемени финансии“.

Реклама

Во однос на тужбата за клевета поднесена против него, Петрушевски информира дека веќе поднел приговор за надлежност до Основниот суд во Струмица и очекува предметот да биде префрлен во Скопје, каде, како што истакна, ќе може „на неутрален терен“ да се соочат аргументите на двете страни.

„Во согласност со Законот за граѓанската одговорност за навреда и клевета, во член 22 стои дека надлежен суд за водење постапка за надоместување штета е надлежен суд според местото на извршување на навредата или клеветата и судот на чие подрачје настапила штетната последица. Со оглед на тоа што во самата тужба адвокатот, претпоставувам роднина на Зоран Заев, кој се вика Горан Заев, навел дека условно кажано таа клеветничка изјава сум ја дал на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во седиштето во Скопје, според законот и според правото, апсолутно треба да биде во граѓанскиот суд во Скопје. Врз основа на ова што го наведов јас доставив и одговор на тужба и приговор за надлежност до Основниот суд во Струмица и очекувам судијата да процени во согласност со законските прописи и овој предмет да го достави до граѓанскиот суд во Скопје, па да речеме условно кажано на неутрален терен да се соочиме со фактите и аргументите“, вели Петрушевски.