Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ФИНКИ со дводневна програма посветена на дигитална пристапност и инклузивен развој

– Дигиталната еднаквост и пристапноста на веб-страниците ќе бидат во фокусот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Дигиталната еднаквост и пристапноста на веб-страниците ќе бидат во фокусот на дводневната програма што денеска и утре ќе се одржи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на проектот WebEmpower.

Како што информираат од ФИНКИ, иницијативата има за цел да ја поттикне националната дискусија за подобрување на пристапноста на дигиталните услуги, со посебен акцент тие да бидат употребливи за сите граѓани, вклучително и лицата со попреченост и повозрасните корисници.

Денеска ќе бидат организирани тематски работилници наменети за веб-администратори, ИТ професионалци и претставници на организации на лица со попреченост, со цел унапредување на практичните знаења и примената на пристапни дигитални стандарди.

Реклама

Централниот настан – „Меѓународна тркалезна маса за дигитална пристапност“ – е предвиден за утре, со учество на експерти од Белгија, Словенија и Македонија. Според организаторите, дискусијата ќе ги опфати најдобрите европски практики и можностите за нивна примена во домашниот дигитален екосистем.

Проектот WebEmpower е поддржан од Министерството за дигитална трансформација на Македонија, а финансиски е обезбеден од Центарот за меѓународна соработка и развој (CMSR) на Република Словенија, во рамки на програмата Slovenia Aid & Partnerships.