Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски,  во посета на Муфтиството на Корча, честитка за празникот и од МД “Илинден”

Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска aлијанса за eвропска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска aлијанса за eвропска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски,  денеска беше во посета на Муфтиството на Корча, пренесувајќи му ги честитките по повод Рамазан Бајрам на муфтијата Ледиан Цикалеши, со желби за здравје, радост и среќа. 

– Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски. 

Додал дека толеранцијата и меѓурелигискиот соживот се вредности што нè обединуваат и нè збогатуваат како општество. 

-Ова посебно време е убава можност за сите нас да размислуваме и да ги потврдиме вредностите на хармонијата, толеранцијата и духовниот напредок. Рамазан Бајрам симболизира период на размислување и радост, време кога суштината на мирот и среќата се споделува меѓу сите. Се надеваме дека овие денови дополнително ќе ги зајакнат врските на заедницата, разбирањето и заедничката хуманост, стои во посебната честитка од МАЕИ до верниците. 

Цврсто сме убедени, се нагласува,  дека пораката на овој голем празник го зајакнува нашето верување дека, преку нашите колективни напори, можеме ефективно да одговориме на предизвиците на современиот свет. 

-Во оваа посебна пригода, исто така, изразуваме надеж дека ќе продолжиме заедно да ги славиме празниците на различните верски заедници. Овие прослави не се само празнични прилики, туку се темелни столбови за градење и одржување на хармоничен соживот меѓу сите. Нека овој Рамазан Бајрам донесе повеќе единство, мир и просперитет за сите, посакува во честитката на МАЕИ по повод Рамазан Бајрам. 

Празникот го честиташе и Македонското друштво „Илинден“-Тирана наведувајќи дека „Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат”. 

-Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај,  претседател на Македонско друштво „Илинден“-Тирана.