Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Седрак: Престојот на Мицкоски на 50-годишнината од „ЕПП“ е силен показател дека Македонија останува цврсто на европската агенда

Присуството на премиерот Христијан Мицкоски и делегацијата на владејачката партија на 50-годишнината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Присуството на премиерот Христијан Мицкоски и делегацијата на владејачката партија на 50-годишнината од формирањето на најмоќната политичка сила во Европа, Европската народна партија, за упатените е силен показател дека Македонија останува цврсто на европската патека.

Престојот на Мицкоски во Брисел, каде во изминатите три дена имаше многу важни средби со влијателни лидери од европската десница, според познавачите е од особено значење, посебно во периодов кога во светот се случуваат глобални потреси со војните во Украина и израелско-американскиот судир со Иран.

Во рамки на средбите со европски лидери, Мицкоски нагласи дека ваквите форуми се важна можност за размена на ставови и зајакнување на партнерствата, со посебен акцент на економските перспективи, глобалните предизвици и процесот на европска интеграција.

Реклама

Според политичкиот аналитичар Раби Седрак, иако Унијата често знаела да биде нефер кон Македонија, сепак е единственото решение кое државата го има пред себе.