Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Практикување на Таи Чи и медитација во прилепската Школа за трудници

По повод 21 март, светскиот  ден на Таи Чи, во Школата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 21 март, светскиот  ден на Таи Чи, во Школата за трудници при гинеколошкото одделение во прилепската градска болница се одржа манифестацијата „Спокојни почетоци“, посветена на унапредување на мајчиното здравје и благосостојбата на трудниците.

Настанот е во организација на УНФПА, Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје и на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари во соработка со прилепската општа болница „Борка Талески“.

-Нашата Школа за трудници функционира речиси една година. Ја посетуваат мајки и трудници во последниот месец од бременоста. Имаме теоретска настава, интерактивни вежби, часови одржуваме еднаш неделно. Школата е бесплатна како и сите услуги што ги користат трудниците во Болницата. Во моментов имаме група од 10 трудници кои понатаму ќе продолжат со практикување на Таи Чи. Имаме соработка и со д-р Благоја Ѓорѓиоски од Одделението за физикална терапија за да се практикуваат и јога вежби и како и Таи Чи придонесуваат за подобро здравје на мајките, а и на сите жени за подобро физичко и ментално здравје, рече д-р Билјана Кржеска, началник на Гинеколошко-акушерското одделение при прилепската Општа болница со проширена надлежност во Прилеп.

Реклама

Според амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, Таи Чи е симбол на хармонијата на менталната и физичката состојба на телото со природата и не случајно 21 март е меѓународен ден на Таи Чи кој во светот го практикуваат преку 400 милиони луѓе. Ќе им помогне многу и на идните мајки што ја посетуваат Школата за трудници. Амбасадорката Џијанг Сјаојан нагласи дека сака поинтензивна соработка меѓу збратимените градови Прилеп и Дејанг во Кина кој е и нејзин роден град.

-Меѓународниот ден на Таи Чи, 21 март, првпат објавен од УНЕСКО, е симбол на хармонија на природата и многу луѓе, над 400 милиони низ целиот свет вежбаат Таи Чи зашто е многу корисно за здравјето, за ментална и физичка хармонија во човековото тело. Поканив специјално и македонски мајстори на Таи Чи да го презентираат. Помага при висок крвен притисок и шеќер. Посебно ми е убаво во Прилеп кој е збратимен со мојот роден град Дејанг. Посакувам меѓу двата збратимени града да има сѐ повеќе реални проекти за соработка. Инаку, ова е втора година откако Кина објави безвизен режим за македонските пријатели, изјави амбасадорката Џијанг Сјаојан при нејзината втора посета на Прилеп.

Инаку, од почетокот на годинава, во прилепската болница се родиле 90 новороденчиња.