Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Потпишани 11 нови договори за грант со општините за инвестиции во предучилишното образование

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалниците на десет општини, потпиша 11 договори за грант, со што се реализира уште една значајна мерка за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата.

Договорите се потпишани со општините Пробиштип, Босилово (за населените места Иловица и Радово), Штип, Бутел, Росоман, Чешиново-Облешево, Зелениково, Гостивар, Велес и Боговиње, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Активноста е дел од втората компонента на вториот проект за подобрување на социјалните услуги (SSIP II), кој е насочен кон проширување на опфатот и унапредување на квалитетот на предучилишното образование и грижата за децата од рана возраст.

Реклама

Со овие договори се обезбедува реновирање и опремување на неискористени училишни и општински простории, финансирано од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, кои ќе бидат пренаменети во функционални објекти за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. На овој начин се овозможува воспоставување на предучилишни групи во алтернативни просторни услови – решение кое е брзо, ефикасно и одржливо и директно придонесува за зголемување на достапноста на услугите за децата и нивните семејства.

Во рамките на овој процес, во текот на минатата година беа потпишани уште два договора за опремување со општините Кавадарци и Кисела Вода. Со новите 11 договори, вкупниот број потпишани договори достигнува 13, што претставува значаен чекор напред во системското проширување на предучилишните услуги.

Во своето обраќање министерот Лимани истакна дека ваквиот пристап значително го зголемува опфатот на деца во предучилишното образование, го доближува системот до граѓаните и обезбедува еднакви можности за секое дете, без разлика на местото на живеење.

„Ова партнерство меѓу централната и локалната власт е доказ дека со заедничка посветеност можеме да постигнеме конкретни и видливи резултати за граѓаните. Новите предучилишни групи ќе придонесат за подобар когнитивен и социјален развој на децата, поголема подготвеност за училиште и намалување на нееднаквостите уште од најрана возраст. Министерството останува цврсто посветено на инвестиции во раното детство – затоа што токму тука почнуваат еднаквите шанси,“ порача Лимани.