Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Корупција во здравството: Пациентки плаќале со пари, подароци – па дури и со сексуални услуги

Од, врски, пари, виски бомбоњери до сексуални услуги – лекари барале „надомест“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од, врски, пари, виски бомбоњери до сексуални услуги – лекари барале „надомест“ од пациенти за да им извршат здравствена услуга. Ова се дел од податоците од последното истражување на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените каде што анализите укажуваат дека најчесто во коруптивните случаи се вклучени лекари специјалисти. Загрижувачки податок е дека тројца доктори од машки пол директно побарале секс од пациентки како услов за медицинска услуга. Еднаш тоа се случило кај матичен лекар, еднаш кај гинеколог и еднаш во рамките на специјалистички преглед.

Истражувањето покажува дека секоја четврта жена пријавила коруптивно искуство.Но, најзагрижувачки е што – никој не пријавува.

Најкритично поле за корупција се операциите. Една од испитаниците, посочила дека нејзиниот сопруг бил принуден да плати одредена сума пари, која му ја предал на докторот во кафе-бар во Битола. Откако ги зел парите, докторот веднаш обезбедил термин и операциона сала за детето, а пред тоа семејството било информирано дека „нема слободна сала, анестезиолози и општи услови за изведување на оперативниот зафат“.Ова е само еден пример од многуте, кои според експертите кај голем дел од граѓаните не е практика побараното мито да го пријават. А тоа според нив, значи дека функционира културата на молчење во која граѓаните почесто избираат „да платат и да завршат работа“ отколку да се соочат со неизвесност и со потенцијални негативни последици.

Реклама

Иако речиси 94% од испитаниците, велат дека не дале поткуп, реалноста е поинаква –  6,5% признале дека од нив било побарано мито. Дури 83% од коруптивните случаи се сведуваат на пари или материјални подароци..

Според истражувањето, жените во Македонија се почеста цел на корупција во здравството. Анкетата на ЕСЕ е спроведена на над илјада граѓани од различни градови ширум државата.