Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење во вторник на владина седница, а потоа во собраниска процедура

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе биде на седница на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе биде на седница на Влада, а потоа ќе биде процесиран во Собрание. Сметам дека за еден, максимум еден и пол месец, законот ќе биде процесиран. Немаме ниедна отворена точка што не е завршена. Имавме неколку состаноци со сите заинтересирани страни, ги анализиравме сите забелешки и од научна гледна точка и од економски, инфраструктурен, социјален и здравствен аспект и со задоволство може да кажам дека сите отворени прашања се затворени – истакна денеска министерот за здравство, Азир Алиу.

Посочи дека нема прашање што не е третирано, а е поврзано со законот. 

– Ценам дека многу бргу нашата земја ќе биде препознаена и во Европа и во светот. Се надевам дека за две-три години ќе имаме прес-конференција за намалување на бројот на пушачи во државата од над 45 проценти, да се надеваме таргетот да се стави под 20 проценти – рече Алиу одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата, на која беа презентирани податоци од глобалниот извештај за 2025 година на Меѓуагенциската група на ОН за процена на смртноста кај децата.

Реклама

Направивме, појасни министерот, научна анализа како може и кои се минималните и максималните услови за да може просторот да се третира како простор за пушење или простор во кој не се дозволува пушење.

– Дојдовме до заклучок и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни просторот, терасите, може да бидат места каде што може да се пуши. Само во Скопје има над седум илјади угостители што имаат тераси. Во Скопје голем број угостителски објекти се со таква инфраструктура што невозможно е да имаат три отворени страни. Затоа ставивме во законот да може и покривот да биде отворен бидејќи се докажа дека со третирање и на покривот како една од страните што може да биде отворена воздухот се чисти за неколку секунди. Еден од најголемите инфраструктурни зафати што треба да ги имаат сите угостители според законот е што ќе мора да направат влез во самиот угостителски објект кој е одвоен од просторот во кој се пуши. Идејата е да се заштитат граѓаните што не пушат, а да се одреди место каде што може да се пуши – додаде Алиу.