Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Тошковски: Зајакнување на институционалната соработка за поефикасна заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со Сојузот – Национален совет за родова рамноправност, претставуван од претседателката Савка Тодоровска, со цел унапредување на системот за заштита на жените од родово базирано насилство.

Со меморандумот, како што информираат од МВР, се утврдува рамка за заедничко делување во насока на примена на европските стандарди, преку зголемување на сензибилитетот и капацитетите на полициските службеници, унапредување на процедурите за постапување и обезбедување ефикасна и навремена заштита на жртвите, со посебен акцент на спречување на нивна ревиктимизација.

-Наш приоритет е да изградиме систем кој навремено, ефикасно и со целосно разбирање ќе одговори на потребите на жртвите на родово базирано насилство. Со оваа соработка вложуваме во знаење, стандарди и координација – затоа што заштитата на жртвите не е само обврска, туку и наша заедничка одговорност како институции и како општество, истакна министерот Тошковски.

Реклама

Соработката опфаќа реализација на обуки, семинари, конференции и други активности насочени кон зајакнување на институционалниот одговор, како и воспоставување координиран пристап меѓу полицијата, здравствените установи, центрите за социјална работа, јавното обвинителство и граѓанскиот сектор.

Во рамки на меморандумот, ќе се работи и на унапредување на подзаконската регулатива и воспоставување унифицирани стандарди за постапување во сите фази на заштита на жртвите, како и на континуирана размена на искуства и најдобри практики.

Дополнително, Министерството ќе ја поддржи промоцијата на Националната СОС мобилна бесплатна линија 141 700 за жени жртви на семејно и родово базирано насилство, преку своите комуникациски канали.