Доколку продолжи војната на Блискиот Исток, туристичките патувања ќе станат луксуз. Ретко кој ќе може да си дозволи патување, особено со авион, бидејќи се очекува покачување на авионските билети во просек по 50 евра. Цената на керoзинот ќе го диктира и поскапувањето на аранжманите, велат од комората за туризам при Сојузот на стопански комори.
Ако продолжи војнава уште малку, недај боже. Да стигне нафтата 200 долари по барел, тогаш нема ни у Куманово да одиме, не само Турција бидејќи ќе бидат скапи авионските карти и ќе има несогледливи последици по туризмот, изјави Аркан Керим, Претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК.
Македонските граѓани, кои имаат уплатено аранжман, засега не треба да стравуваат од евентуално барање за дополнителна уплата. Нема откажување на аранжмани, но и цените не се менуваат. Прмени евентуално се можни по 31 март на редовните цени како и на цените на т.н. Ласт Минут. Но, доколку се случи неочекуван раст на авионските трошоци, секако тоа ќе го платат туристите.

Кога сите клиенти потпишуваат договор, кога земаат пакет аранжман со било која туристичка агенција во општите услови на патување си постои услов дека доколку керозинот расте, тогаш постои можност да пакет аранжманот се покачи до 10 посто, што ние може сами да го покачиме пакет аранжманот без да се согласи клиентот, рече Сузана Зеленикова, од Т.А. Фибула.
Според комората за Туризам и турстичките агенции, интересот за нови аранжмани за Турција и Египет е замрен. Повеќе поради психолошки момент, а не отколку поради стравот од војна. Но, војната може да биде и можност, а не само опасност.
„Е сега после почнувањето на целата ситуација има застој за нови резервации. Тоа не е причина да кажеме дека ќе има проблеми. Ако продолжи целата ситуација, може и Турција и Египет да направат ласт минут цени и со феноменални понуди што македонските граѓани ќе ги дочекаат многу позитивно“, рече Керим.
„Нема никаков конфликт на овие дестинации каде што имаме чартер летови, поготов Турција, египет нема конфликт меѓутоа постои психолошки ефект кај клиентите“, додаде Зелениковска.
Според турстичките работници оваа година, хит дестинација се очекува да биде Шпанија. Таму цените се непроменети, а дестинациите се релативно блиску до Македонија. Традиционално Грција е втората дестинација каде што Македонците може да летуваат.
