Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Велешките гимназијалци одбележаа 84 години од Штрајкот на гимназијалците од 1942 година

Учениците и вработените од Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес со театарска претстава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците и вработените од Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес со театарска претстава насловена „Штрајкот на велешките гимназијалци“ на сцената на Теaтарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ одбележаа 84 години од Штрајкот на тогашните гимназијалци од 14 март 1942 година за време на Втората светска војна,  поради несогласување за воведување на бугарскиот јазик во наставата од страна на бугарската фашистичка власт.

Воедно учениците со оваа програма синоќа и публиката во преполната сала на Театарот со едноминутно молчење им оддадоа почит на трагично загинатите млади, нивни врсници, во Кочанската трагедија во дискотеката „Пулс“ од 16 март 2025 година. 

Инаку театарската претстава  која беше збогатена со видео бим, беше подготвена од професорките по македонски јазик и литература Цветанка Карамаркова и Весна Павлова во соработка со професорите по музичка и ликовна уметност, Атанас Зафиров и Јулијана Михова.

Реклама

Во своето обраќање до присутните директорот Илија Попов,  потенцира дека овој настан оставил длабока трага во историјата на училиштето и Велес. Тогаш група ученици покажале храброст, достоинство и силна верба во вредностите кои ги носи образованието. 

-Тие луѓе оставиле порака дека младоста има сила да се спротивстави на неправдата, да ја брани слободата. Историјата не учи кога младите имаат знаење, храборост и идеали, тие можат да остават трага што трае со децении. Нашата Гимназија со историја подолга од век и пол, е место каде се создава знаење, се градат карактери и се се раѓаат идеи, потенцира Попов.

Учениците Кристијан Мартинов и Избела Жабева, кои ги играат едни од главните улоги во претставата, посочи дека напорно работеле на претставата, но се горди што оживеаја вака значаен настан од историјата на Велес кој долго треба да се памети.

-Чест ни е да потсетиме на вака важен настан во градот кога младите се побуниле против воведување на бугарскиот јазик во Гимназијата за што поддршка добила од мнозинството граѓани, потенцира Кристијан.

Изабела рече дека преку оваа претстава воедно им оддаваат почит на нивните врсници кои минатата година трагично загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани, „за жал не остварувајќи ги своите цели и идеали на младоста и својот живот“.