Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

Во длабока тишина, потешка од илјада зборови, започна комеморативната седница во Кочани,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во длабока тишина, потешка од илјада зборови, започна комеморативната седница во Кочани, посветена на младите животи кои трагично згаснаа пред една година. Со наведнати глави, солзи во очите и воздишки кои болат, семејствата, пријателите и граѓаните ги слушаа прекинатите животните приказни на своите најмили кои сакаа да бидат фудбалери, инжинери, доктори, работници, идни мајки и татковци, а чиј животи згаснаа во еден миг. Имињата на 63 млади луѓе се читаа по азбучен ред, а минутата молк со кој им се оддаде почит, ја исполни салата со болка и сеќавање.

„Нека оваа минута молк биде наш длабок поклон на нивната младости, длабок израз на почит и сеќавање. Слава им!“

„Кога тие заминаа, земјата плачеше, липаше на глас, а небото пееше, оти беа многу и сите од убави поубави. Сите милите со песна заминаа, ко чета ангелски распеани. И колку ним песната им прилегаше горе, толку нам долу крстот ни налегаше тежок ко планина. Радоста отогаш ни се смути, ко мрцина стана, ја снема. До срцата празни дупки ни се отворија и сè убаво со нив почна да ни пропаѓа, да тоне,“ беше посочено на комеморацијата.

Реклама

Во Паркот на револуцијата, во Кочани, рано утринава беа поставени 63 бели столчиња. На сите имаше по една бела роза, имиња и презимиња и датата на раѓање. Спроти празните столчиња, седеа уплаканите родители.

Бројни делегации, амбасади дојдоа да им оддадат почит на жртвите во дискотеката Пулс. Се одржа молитва за упокоените, а во книгата на жалост се потпиша претседателката на државата, премиерот, лидерот на опозицијата, како и многубројни граѓани.

Осум часа претходно, точно во 2.32 минути, Кочани повторно крикна од болка. Во истиот миг кога пред една година се случи трагедијата, семејства на загинатите, роднини и пријатели се собраа пред дискотеката, каде со едноминутен молк им оддадоа почит на младите животи кои прерано згаснаа.

„Сакам да се погледнете сите помеѓу вас. Токму вие, семејствата и пријателите, покажавте што значи да не се заборави. Покажавте што значи љубов, покажавте што значи грижа. Сите ние, секој на свој начин, го продолжуваме споменот, животот и меморијата за ангелите кои ги загубивме на 16 март,“ беше речено на собирот пред дискотеката Пулс.

Точно пред една година, на концерт на групата ДНК, во дискотеката Пулс настана пожар во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.