Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Повеќе од илјада сообраќајни прекршоци регистрирани изминатиот викенд на патиштата

Повеќе од илјада сообраќајни прекршоци биле регистрирани изминатиот викенд на патиштата низ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од илјада сообраќајни прекршоци биле регистрирани изминатиот викенд на патиштата низ државата, покажуваат податоците од полициските контроли. За само два дена биле издадени вкупно 1.198 платни налози, а најголем дел од казните, дури 465, се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина.

Во акциите биле лишени од слобода 42 лица поради безобѕирно управување со возило. Од нив, осум возеле под дејство на алкохол, 20 управувале без возачка дозвола, а едно лице седнало зад волан и покрај претходно изречена забрана.

Полицијата одзела и 13 возила согласно Кривичниот законик. Покрај тоа, евидентирани се 173 прекршоци за неправилно паркирање, како и 40 санкции за возење под дејство на алкохол.
Контролите откриле и бројни прекршоци кај мотоциклистите и пешаците. Казнети се 59 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, како и 31 пешак.

Реклама

Дополнително, 112 учесници во сообраќајот биле санкционирани затоа што не користеле сигурносен појас. Од сообраќај биле отстранети и 20 нерегистрирани возила, како и четири поради техничка неисправност.

Од полицијата најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се зголеми.