Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните, задоволство е да ги видиме и како спортисти на теренот

Повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се натпреваруваа на кошарски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се натпреваруваа на кошарски терен, а по тој повод на отварањето на натпреварот присуствуваше министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ- Мирчовска. Министерот за здравство, Алиу истакна дека во рамките на одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани Владата организира неколку настани, меѓу кои и кошаркарскиот натпревар меѓу повредените млади луѓе, кои се лекуваа во земјата и странство. Посочи дека идејата за спортскиот натпревар произлегува од младите, а е поддржана од директорката на Општата болница во Кочани и Општината. 

-За прв пат имаме спортски настан на кој што ќе бидат нашите граѓани по поминатиот трауматичен период. Задоволство е денеска да ги видиме на овој настан и морам да признаам дека е една од најдобрите активности што ги имаме деновиве, бидејќи ги гледаме сега и како спортисти-вели Алиу. 

Тој додаде дека Владата и државните институции мора да помогнат и да инвестираат во опоравување на повредените млади луѓе од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Алиу вели дека државата е свесна за потребите на повредените млади луѓе. 

Реклама

Прашан дали и ова лето повредените ќе имаат рехабилитација во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи на планината Пониква, Алиу одговори дека одлуката ќе зависи од лекарите, експертите кои ја следат рехабилитацијата на повредените. 

-Ние, како министерство за здравство дефинитивно ќе поддржиме и ќе бидеме дел од стручните служби кои што ги пружат-рече Алиу. 

Прашан за резултатите од реевалуацијата на здравствената состојба на повредените, Алиу рече дека кога ќе заврши Владата и министерството ќе мора да преземат чекори, а веќе дел од повредните ќе заминат во странски Клинички центри за здравствени услуги кои што во нашите болници ги нема. 

-За другите коишто ќе бидат дел од нашиот здравствен систем, целиот Протокол е направен и ќе бидат згрижени тука кај нас. Знаете по вторпат се евалуира здравствената слика на повредните, ќе продолжиме и понатаму, а се со цел да се креираат нови и помодорни технологии и пристап за тие граѓани- вели Алиу.

Директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ-Мирчовска истакна дека на денешниот натпревар во кошарка повредените млади луѓе покажуваат што имаат постигнато во текот на рехабилитацијата, а кошарката е тимски спорт и работат и соработуваат како еден тим. 

-Многу од нив се познаваат и во целиот процес се зближија. Голем дел од нив се и во публиката денес и на нас ни е гордост како општество, институции што се живи, што продолжуваат во нивниот живот, што се враќаат на нивните секојдневни активности, особено на спортот. Со оглед на тоа дека имаат изгореници на рацете е еден вид на физикална терапија за нив- рече Паниќ-Мирчевска. 

Што се однесува за реевалуцијата на здравствената состојба на повредените од тимови на лекари специјалисти, Паниќ-Мирчовска рече дека тоа е процес кој што ќе продолжи и наредниот период и се прават на секои шест или седум месеци. 

-Некои работат активно, во моментов тоа го прават дерматолозите, пулмолозите, секако не се заборавени и од хирурзите- рече Паниќ-Мирчовска. 

Таа истакна дека вчерашната Меѓународна конференција е корисна, бидејќи се слушале стручни мислиња од лекари специјалисти од странски Центри за изгореници.

-Во блиска иднина дел од нив ќе започнат со хируршките интервенции, оние на кои што им дозволуваат нивните лузни да се направат. Тоа се сложени лузни, сложени повреди и не треба да се брза. Секоја избрзана одлука може да значи и формирање на нова лузна и треба да бидеме претпазливи- изјави Паниќ-Мирчевска. 

Драган Давитковски еден од повредените млади луѓе вели дека денеска го играат натпреварот и со цел да соберат средства за изградба на споменик за жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.