Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Јаневска го отвори натпреварот по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 UN-EARTHED Challenge“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска присуствуваше на отворањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска присуствуваше на отворањето на натпреварот по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 UN-EARTHED Challenge“, што се одржува викендов во Скопје. 

Како што информираат од Министерството за образование и наука, на натпреварот учествуваат 36 тима со над 400 ученици на возраст од 9 до 16 години и 50 ментори од општинските и приватните училишта, како и од едукативните центри во Македонија.

Во своето обраќање Јаневска ја нагласила поддршката на секоја идеја во чија основа е поттикнувањето на креативноста, иновативноста, снаодливоста, лидерството и натпреварувачкиот дух кај младите. Јаневска истакнала дека на земјава ѝ требаат генерации кои ќе бидат мотивирани постојано да се надградуваат и стекнатите знаења и вештини да ги применуваат во креирањето одговори на општествените предизвици.

Реклама

– Оваа активност се совпаѓа во целост на националните образовни политики за поголема промоција на СТЕМ областите, нивно доближување до младите и насочување да одбираат да се занимаваат со наука, со истражувања и иновации. Зошто ни се такви политиките? Затоа што единственото нешто со кое можеме да се натпреваруваме со светот е знаењето на граѓаните и негова паметна примена во развој на иновации – истакнала Јаневска.

Според неа, земјата нема големи природни ресурси и затоа фокусот на Владата бил кон забрзана модернизација на образовниот систем со особен фокус на стручното образование, подобра образовна понуда за граѓаните и кон зголемување на вложувањата во науката.

Натпреварот се одржува осма година по ред, во организација на Академијата за роботика и иновации, под покровителство на UNESCO. Оваа година предизвикот е UNEARTHED – младите користат Lego технологија за изработка на иновативни роботски решенија, кои ќе им помогнат на археолозите полесно да ги истражат наоѓалиштата. Победничките тимови ќе учествуваат на светскиот натпревар.