Реклама

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Македонија

Мисајловски: Реагиравме брзо да го спасиме секој млад живот

Брзата реакција од сите нас по несреќата во Кочани беше да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзата реакција од сите нас по несреќата во Кочани беше да го спасиме секој млад живот. Министерството за одбрана веднаш направи кризен штаб  преку кој се водеа многу процеси и комуникација во однос на транспортот и лекувањето на пациентите, истакна ресорниот министер Владо Мисајловски во обраќањето на првиот панел „Европски механизам за цивилна заштита и меѓународниот одговор: координација, солидарност и искуства“ во рамките на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, што се одржува денеска во Скопје.

Тој изрази благодарност до Армијата, полицијата и лекарите, кои ги нарече херои. 

– Ние сме политичари, менливи и минливи, но брзата координација од сите нас направи на луѓето на терен да работат напорно и да спасуваат човечки животи. Луѓето во белите мантили, докторите, се најголемите херои кои се справуваа со кризата, рече Мисајловски.

Реклама

Неизмерна поддршка посочи дека добил и од амбасадорите и воените аташеа, давајќи максимум да стигнат што повеќе хеликоптери и авиони за секое дете да биде пренесено во соодветни медицински центри. 

Според него, координацијата била клучна за транспортот, логистиката и сместувањето на повредените.

– Во такви кризни состојби давате се од себе да се помогне. Треба да се направи систем кој ќе функционира. Овој систем од ЕУ FN е можеби најдоброто решение за да се напрви можност како да се помага за разни видови на жаришта и кризи. Но, секогаш, за жал, ќе постојат кризи. И во тој момент нас ни требаат национални ресурси како да помагаме и ни треба систем. Систем кој долго време и дали намерно низ годините бил разурнат, кој што системски треба да го градиме сите како институции, за во еден даден момент на кризи да покажеме и ние како држава дека можеме сами да се справуваме, но и да пружиме помош кон сите соседи, нагласи Мисајловски.

Тој подвлече дека искомуницирал со многу амбасадори и министри за одбрана за активирање на сите достапни капацитети, посочувајќи дека и Министерството за одбрана и Армијата секогаш им помагаат на соседните земји кога е потребно.