Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

По две децении пауза, повторно операции на крајници во охридската болница

Во ниту една од четирите болници од југозападниот регион со децении не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ниту една од четирите болници од југозападниот регион со децении не се изведуваат рутински хируршки интервенции, како што е операција на крајници. Соочени со долги листи на чекање, и по година дена, пациентите – најчесто деца – досега биле принудени да патуваат во други градови, на државните и приватните клиники. Конечно, после 18 години во охридската болница се изведе првата интервенција врз шестгодишно дете, под надзор на лекар од скопската Клиника за уво, нос и грло.

“За почеток, еднаш во текот на неделата да се определи еден оперативен ден кога ќе се извршуваат по неколку оперативни зафати. Во иднина имаме тенденција, нормално, нашите доктори сами да почнат да ги изведуваат овие зафати, со што значително ќе се зголеми фреквенцијата.” – вели д-р Горан Маркоски, директор на Општа болница Охрид.

“Исклучително често пациенти од внатрешноста доаѓаат на Клиниката за уво, нос и грло во Скопје и на дневна основа се оперираат по пет вакви хируршки интервенции, односно на неделно ниво дваесет и пет. На месечно ниво се околу сто интервенции.” – вели д-р Игор Камшиковски, директор на Клиниката за ОРЛ.

Реклама

Со средства од Фондот за здравство, болницата набави и нов ендоскопски апарат за гастроскопии и колоноскопии. Последниот бил стар 20 години, а дефектите биле почести од извршените прегледи.

“Ние во моментов на национално ниво немаме доволен број на гастроскопи, а посебно на колоноскопии. Се обидуваме да согледаме што е потребно каде, за да создадеме капацитет. Во основа состојбата не е многу сјајна, на многу малку места се прават колоноскопии и гастроскопии и тоа е проблемот што и превентивната програма за рак на дебело црево не функционира на посакуваното ниво.” – вели Сашо Клекоски, директор на ФЗО.

“Многу е битно да се зголеми бројот на скрининг колоноскопии, првенствено, меѓутоа за тоа да функционира треба малку поголема реорганизација на функционирањето на секундарното здравство кај нас. Ургентен центар, ако функционира во градот Охрид, многу повеќе ќе можеме да се посветиме на нешто што е од голем интерес за граѓаните.” – вели д-р Владимир Шибакоски.

Директорот на Фондот за здравство истакна дека во моментов се врши мапирање на болници. Онаму каде што има човечки ресурси ќе се опремат со апарати, бидејќи набавката оди побрзо од обуката на специјалисти.