Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Општина Центар донесе два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта

На шестата седница на Советот на Општина Центар донесени се два нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На шестата седница на Советот на Општина Центар донесени се два нови детални урбанистички плана, за Градска четврт ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале“ и за Градска четврт ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2“, стои во соопштението на Општина Центар.

Донесувањето на овие ДУП-ови претставува усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012–2022. Дополнително, за првпат се носи детална урбанистичка документација за просторот околу Калето, со што се отвораат можности за современо уредување и подобра организација на просторот.

Со новите планови се унапредува сообраќајната и пешачката инфраструктура, а се предвидуваат и нови велосипедски патеки на главните улици „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“. Тие ќе бидат поврзани со рекреативната патека покрај Вардар, со цел да се обезбеди функционална велосипедска мрежа на растојание од 200 до 300 метри. Предвидено е и подобрување на условите за пешаците, со пошироки тротоари и нови дрвореди.

Реклама

На најатрактивниот дел покрај Вардар приоритет ќе имаат пешаците, со дозволен пристап на возила само  за објектите кои имаат одобрение за градење со такви услови.

Во планот за ДУП Градска четврт ЦС 01 се предвидува спортски објект на државно земјиште покрај кејот, со површина од 9.295 квадратни метри. Во претходниот план на истиот простор беа предвидени хотелски комплекси.

Со ДУП Градска четврт ЦС 14, на приватното земјиште под Калето се планира изградба на пониски хотели со катност П+3, додека на државното земјиште се предвидува парковско зеленило со површина од 3.074 квадратни метри. Јужно од планираниот профил на булеварот „Климент Охридски“ се планираат содржини од јавен интерес , парковско зеленило со површина од 2.280 квадратни метри и јавен паркинг со површина од 3.765 квадратни метри.

„Со ДУП Градска четврт ЦС 14 за првпат на ниво на детално планирање се разработува просторот на Скопското Кале. Планираме да создадеме поврзан, уреден и инклузивен простор. Предвидуваме и можност за поставување музејски изложби на отворено, со што овој симбол на Скопје, богат со историја и култура, ќе го доближиме уште повеќе до граѓаните и посетителите. При подготовката на планот ги земавме предвид и сугестиите на стручните лица од Музејот на современа уметност“,  рече  градоначалникот Горан Герасимовски.