Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Велковски на ФБ: Во подготовка итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска присуствувавме на првиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска присуствувавме на првиот состанок на Работната група за подготовка на итни законски измени насочени кон подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, напиша заменик замник-министерот за  социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на својот фејсбук профил.

-Работната група е формирана согласно заклучоците од Итната седница на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство. Во работата на групата се вклучени претставници од повеќе институции, Министерство за социјална политика демографија и млади, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство, Министерство за образование и наука, Министерство за правда, судството, академската заедница, граѓанскиот сектор и други надлежни институции и организации кои со својата работа или делокруг на надлежности имаат поврзаност со проблематиката односно работата со насилство врз жени и семејно насилство, се вели во постот на Велковски.

Се нагласува дека целта е преку измени и дополнувања на повеќе закони да се подобри практичната примена на законските решенија и дополнително да се зајакнат механизмите за спречување на насилството и заштита на жртвите.

Реклама

-До следниот состанок, институциите ќе достават конкретни предлози за законски измени, како и предлози за подобрување на подзаконските акти, правилниците и протоколите,прецизира Велковски на својот Фејсбук профил.