Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис

Намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, јасна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, јасна заштита на македонскиот идентитет и продолжување на европскиот пат без отстапки по клучните национални прашања, се дел од ставовите што ги изнесе претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, осврнувајќи се на изборните реформи, односите со Бугарија и евроинтегративниот процес на државата, се вели во соопштението на ЗНАМ.

Говорејќи за изборните реформи, Димитриевски посочи дека ЗНАМ предлага намалување на бројот на пратеници во парламентот, оценувајќи дека ваквата промена ќе придонесе за поефикасно функционирање на законодавниот дом, поголема одговорност на избраните претставници и рационализација на трошоците.

„Не постои рационална причина Македонија да има парламент со 120 пратеници кога и држави со слична големина имаат помал број. Намалувањето ќе значи појасна одговорност и поголема отчетност кон граѓаните“ – изјави Димитриевски.

Реклама

Тој нагласи дека со ваквата реформа позицијата на пратеникот треба повторно да добие поголема тежина во политичкиот систем, а парламентот да ја врати својата улога како централна институција на демократијата.

Осврнувајќи се на односите со Бугарија, Димитриевски оцени дека одредени политики од Софија испраќаат загрижувачки сигнали и, како што рече, се во спротивност со европските вредности и принципи.

Според него, прашањата поврзани со идентитетот и правата на Македонците не треба да останат само билатерален проблем, туку треба да бидат разгледани и на европско ниво.

„Недозволиво е во 21 век да се оспоруваат идентитетски прашања и да се создаваат пречки за демократско организирање на луѓето кои се идентификуваат како Македонци“ – истакна Димитриевски.

Врзано за европската перспектива на државата, тој нагласи дека Македонија останува посветена на европскиот пат, но без компромиси кога станува збор за националниот идентитет и достоинството на државата.

„Македонскиот јазик, идентитет, писмо и култура се автентични и имаат свој историски континуитет. Ние сакаме да бидеме дел од Европа, но без да се откажеме од самите себе.”

Тој додаде дека паралелно со евроинтеграциите, државата мора да продолжи со зајакнување на институциите и економскиот развој, посочувајќи дека европските вредности треба да се градат дома преку силни институции, економски напредок и почитување на националниот идентитет.