Реклама

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ, отворена поддршка на македонскиот пат кон Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер, на која, како што информираат од нејзиниот кабинет, сите амбасадори отворено го поддржале македонскиот пат кон Европската Унија, потенцирајќи дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан и изнаоѓањето решенија за забрзување на интеграциите се во фокусот на нивната регионална конференција.

Сиљановска-Давкова, исто така, нагласила дека делегацијата, предводена од амбасадорка Елизабет Корнфајнд, генерална директорка за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, е доказ за синхронизирана и активна дипломатија што е важно за европската перспектива на регионот.

-Таа потенцираше дека Австрија не е само еден од најголемите економски инвеститори во земјава, туку и наш силен политички пријател и гласен поддржувач на проширувањето на ЕУ и на македонскиот евроинтеграциски процес – се вели во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Реклама

Претседателката го реафирмираше ставот дека интеграциите мора да се базираат исклучиво на Копенхашките критериуми и на заслугите и дека билатералните прашања не треба да бидат инструмент за блокада на овој процес. 

Сите австриски амбасадори, се вели во соопштението, отворено го поддржале македонскиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан и изнаоѓањето решенија за забрзување на интеграциите се во фокусот на нивната регионална конференција.

-Тие го делат ставот на Претседателката дека регионалната соработка и пристап се клучни за европските интеграции. Воедно, се согласија дека во актуелниот геополитички контекст, проширувањето на ЕУ претставува безбедносен императив. Повикаа на почитување на владеење на правото, меѓународните договори и меритократијата – се вели во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Соговорниците, исто така, изразиле подготвеност за натамошно продлабочување на македонско-австриските односи и за заедничка европска иднина.