Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

Делегација на Стопнаската комора на Македонија, присуствуваше на свеченото одбележување на 80…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Стопнаската комора на Македонија, присуствуваше на свеченото одбележување на 80 годишнината од основањето на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана (School of Economics and Business, University of Ljubljana), еден од најпрестижните економски факултети во Словенија и регионот на Централна и Југоисточна Европа. Основан е по Втората светска војна и постепено се развил во модерна меѓународно ориентирана бизнис-школа. Факултетот редовно е вклучен меѓу 95-те најдобри високообразовни институции во Европа според рангирањето на Financial Times. Има три најпрестижни меѓународни акредитации за бизнис-школи: AACSB International, EQUIS и Association of MBAs (AMBA). Само мал процент од бизнис-школи во светот ги поседуваат сите три, што го позиционира факултетот во глобалната елита на бизнис образованието. На настанот се обрати и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, како член на Советодавниот одбор на Факултетот, тело составено од истакнати бизнис-лидери, експерти и професори, зеде активно учество во дискусијата на денешниот состанок посветена на долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците околу наставните методи на учење во новата ера кога интензивно се користи вештачката интелигенција, која треба паметно да се искористи во насока на унапредување, а не на уназадување на аналитичкото и критичкото размислување на младите генерации дипломци и постдипломци.

Членови на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана се и Ана Паула Африкано С. Силва, при Универзитетот во Порто; проф. Ана Бломбек, меѓународен факултет за бизнис во Јеншепинг, проф. Хана Холмс, градски универзитет во Манчестер, Паола Папаниколау, банкарска групација „Intesa Sanpaolo“, проф. Маркус Рудолф, факултет за менаџмент, „Ото Бајсхајм“, Диселдорф, проф. Руперт Заусгрубер, ректор на Виенскиот универзитет за економија и бизнис, Јанез Шкрабец, генерален менаџер на „Riko d.o.o.“, Словенија, Бранко Зибрет, „Kearney“, Австрија и Валтер Лебан, претседател на УО и CEO на “Колектор” АД, Словенија.