Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Меџити: САД остануваат стратешки партнер за зајакнување на институциите и развојот на земјата

Актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и унапредувањето на реформите што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и унапредувањето на реформите што ја приближуваат Македонија до евроатлантските стандарди биле теми на денешната средба на градоначалникот на Чаир Изет Меџити со вршителката на должност амбасадор на САД Никол Варнс.

Како што се наведува во соопштението на општина Чаир, на средбата била нагласена важноста на соработката и континуираната поддршка што САД ја даваат на демократските процеси, владеењето на правото и севкупниот развој на земјата.

-Соединетите Американски Држави остануваат стратешки партнер и важен сојузник за Македонија. Нивната поддршка е од големо значење за зајакнување на демократските институции, развојот на земјата и зачувувањето на стабилноста во регионот – истакнал Меџити.

Реклама

На средбата била реафирмирана важноста на партнерството и континуираната соработка со САД како клучен фактор за унапредување на демократските процеси и институционалниот развој на земјата.